Центарот на Општина Крива Паланка, градскиот плоштад и парк, како и главната улица оваа година блеснаа во новогодишен сјај. Локалната самоуправа на општината го украси градот на две недели пред истекот на годината.

Оваа година во Крива Паланка се случува една нова поинaква новогодишна приказна.

По повод новогодишните празници во Крива Паланка се организира незаборавна забава на новогодишниот базар, проследена со најразновидна повеќедневна програма како за возрасните така и за најмалите во која кривопаланчани ќе се забавуваат со најдобрите песни од групата Бјело Дугме, но и со хитовите на едни од најдобрите домашни ѕвезди како Владо Јаневски, Нокаут, Елена Велевска, дуото Александар и Дац и многу други.

Во продолжение, погледнете програмата за забавата на новогодишниот базар во Крива Паланка.

ПОНЕДЕЛНИК 27.12 .
🔹️Тајфата – 18:00 ч.
🔸️Елена Велевска – 18:45 ч.
🔹️Пајак и Јован – 19:30 ч.
🔸️Владо Јаневски – 20:15 ч.

ВТОРНИК 28.12.

🔹️Артист бенд – 18:00 ч.
🔸️Insertakick – 19:00 ч.
🔹️Нокаут 19:30 ч.

СРЕДА 29.12.

🔸️YU for YU Бјело Дугме – 18:00 ч.
🔹️Два Бона – 19:00 ч.
🔸️Исак Шабанович – 20:00 ч.

ЧЕТВРТОК 30.12.

🔹️Златно Славејче дневна програма
💥Кловнови/ Жонглери/ 🔸️Дедо Мраз 12:00 ч.
🔹️Слаткар 18:00 ч.
🔸️️Дац и Александар 19:00 ч.
🔹️Брасс брадарс 20:00 ч.

ПЕТОК 31.12:

🔸️Хор Распеано Симитче дневна програма
💥Кловнови/Жонглери🔹️Дедо Мраз 12:00 ч.

Содржини на куќичките:

💥Греано вино
💥Колбас
💥Новогодишни сувенири
💥Новогодишни пакетчиња
Палачинки
💥Чај/Еспресо/греана ракија