Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се 11 починати лица асоцирани со грип, пет лица од Скопје и по едно лице од Велес, Куманово, Неготино, Гостивар, Демир Хисар и Штип. Шестмина од нив биле на возраст од 15 до 64 години и петмина биле над 65 години. Сите починати лица биле хоспитализирани, 10 од нив имале коморбидитети и сите биле невакцинирани против сезонски грип

Во периодот од 19 до 25 февруари, биле пријавени 820 случаи на заболени од грип што е за 40,8 отсто помалку во споредба со претходната седмица, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во однос на возраста на заболените лица, 496 се на возраст од 15-64 години, 178 се деца од 5-14 години, 74 се над 65 години и 72 се деца на возраст од 0-4 години. Највисока инциденца има кај децата на возраст од 5-14 години.

Најмногу заболени се пријавени во Кавадарци – 180 и во Струмица – 134, а во останатите градови бројот на пријавени е помал од 100.

Во текот на оваа недела, според податоцците на ИЈЗ, регистрирани се два смртни случаи асоцирани со грип. Станува збор за лица на возраст од 49 и 65 години од Скопје и Велес кои биле хоспитализирани во КИБФС и ГОБ „8 Септември“. Кај едно од починатите лица е утврдено присуство на коморбидитети (бубрежни, кардиолошки, дијабет) и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип.

Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 12 741. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 55,5 отсто, а во однос на моделот од последните 13 сезони има намалување од 19,1 отсто, информираат од ИЈЗ.

Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се 11 починати лица асоцирани со грип, пет лица од Скопје и по едно лице од Велес, Куманово, Неготино, Гостивар, Демир Хисар и Штип. Шестмина од нив биле на возраст од 15 до 64 години и петмина биле над 65 години. Сите починати лица биле хоспитализирани, 10 од нив имале коморбидитети и сите биле невакцинирани против сезонски грип.