Многу студено утро имаме низ целата земја.

Времето денеска наутро ќе биде ведро и многу студено, преку ден сончево со мала до умерена локална облачност. Минималните температури ќе бидат во интервал од – 18 до – 8, а максималните од – 3 до 5 степени.

Во Скопје наутро ќе биде ведро и многу студено време, преку ден сончево со мала облачност. Минималните температури ќе се спуштат до – 13, а максималните ќе достигнат до 3 степени.

До средината на неделата времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под – 15 степени. Најстудено ќе биде денес и во вторник. Од четврток температурите ќе бидат во пораст.