Од следните часови повторно во Македонија и тоа после краткиот прекин се очекуваат нови повремени врнежи од дожд, додека на планините со надморска височина од над 1400 – 1500 метри повторно ќе има врнежи од снег, прогнозора Славчо Поповски.

Сепак овој пат Атмосферата ќе се дестабилизира малку повеќе, па така на повеќе места, особено утре попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е појава и на ситен град.

Во Скопје и околината исто така ќе има повремен локален дожд, а можна е и појава на грмежи, како и засилување на ветерот.

Што се однесува до температурите, останува релативно посвежо и тие ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.

Во следните наши метео објави следува и детална метео аланила за до крајот на оваа недела.