Имаме јасна, прецизна, конкретна и реална, програма за сите! Програма за европска иднина! – порача на својот фејсбук профил Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и кандидат за пратеник и коносител во Изборната единица 3, Љупчо Николовски денеска по стартот на кампањата за парламентарните избори.
– Да создадеме европски квалитет на живот дома и да изградиме европска држава за младите, нашето најголемо богатство!
Гласот за Коалицијата за европска иднина е глас за Македонија со европски вредности, тука дома.
Продолжуваме заедно. Можеме и мораме да движиме напред, откажување нема, порача Николовски.