Утринава цело Скопје остана без јавен превоз, а од ЈСП последното соопштение е пред четири дена.

Неизвесноста трае додека многумина се прашуваат дали да тргнат на работа, на училиште… на лекар, a од ЈСП нема ни извинување за целата ситуација, ниту пак информација кога ќе се среди состојбата.
Како што објавија вчера повеќе медиуми, наводно нема нафта за автобусите бидејќи добавувачот ја прекинал соработката поради повеќе милионски долг.