На 01.01.2021 во 20.40 часот во СВР Тетово е пријавено дека во Клинички центар Тетово е донесен А.Б.(37) од Тетово, со убодна рана од остар предмет.

При извршениот разговор со полициски службеници, А.Б. изјавил дека околу 20.00 часот, при расправија во неговиот дом, бил повреден од неговиот 17-годишен син, кој имал здравствени проблеми.

Малолетникот е пренесен во Психијатриска болница Скопје, а увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.