На денешната седница на Советот на Општина Крива Паланка усвоени се нови мерки од програмите за образование и социјална и детска заштита:
🔶Месечна субвенција од 2.000 денари за секој запишан ученик во прва година во СОУ “Ѓорче Петров” во учебната 2024/25;
🔶Еднократна финасиска поддршка – ваучер од 8.000 денари за купување гардероба за корисници од Дневниот центар и лица од згрижувачки семејства, во партнерство со Црвен Крст;
🔶Обезбедување униформи за секој ученик од средното и основните училишта од општината и
🔶Еднократна парична помош од 3.000 денари за лица со попреченост, во партнерство со Фондацијата “Со срце за Крива Паланка”.
-Се грижиме за сите категории граѓани, порача првиот човек на општината Сашко Митовски.