Две деца на возраст од 2 и 5 години се потешко повредени а нивната мајка минала со полесни повреди откако рано утрово на нив налетал воз. Според се уште неофицијалните информации, тие се здобиле со тешки телесни повреди кога на нив налетала локомотива додека нивната мајка со автомобилот ја минувала железничката пруга. Според се уште неофицијалните информации, мајката минала преку железничката пруга иако била вклучена сигнализацијата дека треба да наиде воз.
Според се уште неофицијалните информации, едно од децата е во потешка состојба и се транспортира на скопските клиники, додека другото е згрижено во битолската болница.
Очевидци велат дека рано утрово околу 8 часот локомотива која вршела сервис на железничката пруга удрила во возилото и го влечела неколку метри по шините.