На 08.06.2020 во 22.56 часот било пријавено дека во с.Сарај, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат стило“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(43) од село Сарај и мотоцикл „хонда ЦР-В 1000“, без регистарски таблички, управувано од Ш.О.(21) од село Паничари, скопско.
Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде починал.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.