На 29.11.2024 година во 07:21 чaсот, во СВР Охрид е пријавено дека, на автопатот во изградба, кај девијацијата „Царо поле“, атар на селото Ботун, општина Дебрца, патнички автомобил „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки, излетал од патот.

По преземени мерки, констатирано е дека, Ф.К.(22) возач на возилото и сопатничката Е.С.(21), двајцата од Кичево, починале на местото на настанот а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид. Увид на местото извршија јавен обвинител, сообраќаен вештак и полициски екипи.

По наредба на јавен обвинител, врз телата на двете починати лица, ќе биде извршена обдукција.