Завчера вечер во 22.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во влез на станбена зграда на подрачјето на Центар бил пронајден починат 22-годишниот И.С. од Скопје, извести МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, додаваат од МВР.