На 18.01.2024 во 18.00 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници го привеле Д.Д.(22) од Република Бугарија затоа што по извршената пасошка проверка било констатирано дека во државата немал пријавено престој и дека престојувал повеќе од дозволеното. Лицето било предадено во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.