Во вторникот (06.02.2024), нешто пред 20 часот, 24-годишен маж се обидел да упадне во пензионерски дом и да ја отвори касата.

Тој бил запрен од персоналот, а потоа бил уапсен од кантоналната полиција Сент Гален.

Според тамошните медиуми, се работи за 24-годишен Македонец кои во вторникот вечерта влегол во пензионерски дом и рекол дека мора да ја провери касата, а потоа се обидел насилно да ја отвори.

Момчето е уапсено и ќе биде пријавено во јавното обвинителство во кантонот Сент Гален.