Триесет и деветгодишен гевгеличанец со иницијали Т.И. синоќа бил пронајден починат во дворот од неговиот дом, соопшти МВР.

Случајот го пријавила Итната медицинска помош која пристигнала на местото. Од страна на лекар констатирана била смрт без траги на насилство.

Од полицијата информираа дека извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.