Извршител ја блокирал сметката на ВМРО-ДПМНЕ поради неплатени долгови поврзани со уметничките слики, односно рамките, поставени во седиштето на партијата, пишува А1он.
Сумата која партијата треба да ја плати е засега непозната, а долгот е од времето на поранешното раководство на чело со претседателот Никола Груевски.
Сликите беа поставени по изградбата на новото партиско седиште, кое е луксузно опремено. Фирмата која ја блокирала сметката, досега од партијата не ја открија. Оттаму само ја потврдуваат информацијата за долгот и дека е од пред неколку години.
Целиот текст на А1Он.