Завчера вечер во 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во напуштена куќа на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат 49-годишниот Т.Ш. од село Кучевиште-скопско, извести МВР.

dobivaj vesti na viber
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт, додаваат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по насоки на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.