СВР Тетово информира дека вчера попладне во 18:40 часот, полициски службеници од Полициска станица – Гостивар извршија разговор во Педијатриското одделение во гостиварската болница каде поради труење со лекови било донесено 5 годишно дете од селото Чегране.

Како што информираат, мајката на детето (25 години) рекла дека настанот се случил околу 17 часот, додека таа била на работа, а детето било под надзор на неговите баба и дедо во нивната куќа.

Детето ги зело апчињата на бабата и ги голтнало, по што кај него се појавиле компликации.

Детето во контактибилна состојба било донесено во болница и по укажаната првична медицинска помош, било префрлено на Детската клиника во Скопје.