Вечерва во 18:01 часот, нов силен земјотрес од 5 степени по Рихтер повторно ја затресе Петриња. Како што пренесуваат хрватските медиуми, земјотресот траел десетина секунди. Засега нема податоци дали земјотресот предизвикал нови уривања.
Новиот земјотрес кој ја погоди Хрватска според тамошните медиуми траел повеќе од 10 секунди.
„Прилично силен земјотрес во 18:01 часот ја потресе областа на централна Хрватска“, пренесува Јутарњи.
Според ЕМСЦ, земјотресот силно се почувствувал во Сисак, Петриња, Велика Горица и Загреб.