По претходно добиени оперативни информации, полициски службеници од ЕНТ-ОНТД при СВР Скопје, денеска во Скопје ја приведоа Д.А. (51) од Прилеп поради нелегално поседување огнено оружје.

Како што соопшти МВР, при извршен преглед, кај Д.А. е пронајден пиштол „застава” со пет куршуми и две рамки.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.