Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчеравечер, околу 20 часот, на улицата Гоце Делчев во Гостивар, го лишиле од слобода 50-годишниот А. Т. од Република Албанија.
Тој претходно бил пријавен од 54-годишен гостиварец дека на 14 и 15 овој месец во Гостивар, во два наврата, ѝ се доближувал на неговата малолетна ќерка и ја допирал по телото.
А. Т. е задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот по што против него ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.