Од Министерството за здравство информираат дека во изминатото деноноќие од корона вирус починале вкупно 9 лица, меѓу кои и 52-годишно лице од Крива Паланка. Ковид-19 однесе и два млади животи. Во Билтенот се регистрирани две починати лица на возраст од 23 и 29 години. 23-годишникот е од Скопје, додека 29-годишното лице од Струмица.

Во последните 24 часа се направени 1404 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 50
-Куманово 6
-Штип 4
-Прилеп 5
-Тетово 7
-Струга 3
-Велес 1
-Битола 4
-Охрид 2
-Гостивар 1
-Струмица 9
-Крива Паланка 1
-Кочани 1
-Берово 1
-Делчево 2
-Кичево 1

Министерството за здравство најави повеќе детали подоцна.