На 20.12.2021 во 18.20 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, при извршена проверка на Б.М.(60) од Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“, со турски национални ознаки, било констатирано дека меѓународнaта зеленa картa за товарното возило и зелената карта за полуприколката, што ги доставил на увид, биле со невистинита содржина.
Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.