Вчеравечер, околу 21.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 74-годишниот Е. З. од тетовско село, кој дваесетина минути пред тоа бил пријавен од 36-годишната снаа дека физички ја нападнал и дека ѝ се заканил со остар предмет, извести СВР Тетово.

Задржан е во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и ќе му биде изготвен поднесок.