Вчера,вo 8.10 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Дрезденска со улицата Багдатска во Скопје, патничко моторно возило „џип“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 74-годишниот Д. Т. од Скопје, удрило во пешакот, 68-годишната В. П. од Скопје, извести МВР.

Во несреќата тешки телесни повреди добила В. П., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.