Првиот официјално потврден пациент со Ковид -19, жител на Крива Паланка, е машко лице на возраст од 76 години, а дијагностициран е во текот на денешниот ден, за време на неговиот престој во Државниот завод за рехабилитација „Козле“ во Скопје.

Се разботи за изолиран случај кој подолг временски период бил на терапија во Скопје, а по констатацијата на новонастанатата состојба пациентот со лекување ќе продолжи на Инфективната клиника во Скопје и не претставува никаков повод за паника или вознемиреност на граѓаните на Крива Паланка.

-Простор за паника нема. Потребно е доследно почитување на препораките на Владата, Министерство за здравство и Општинскиот кризен штаб, порача денес градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски во своето видео-обраќање.