Вчера во Градската болница Куманово со возило на Брза помош било донесено осумгодишно дете на реанимација.

„На 17.09.2020 во 05.15 часот во СВР Куманово, од Градската болница Куманово било пријавено дека кај нив за реанимација бил донесен починат осумгодишник од Крива Паланка без видливи траги нанасилство. Според пријавеното, детето починало по пат во возило на Итна медицинска помош“, стои во билтенот на МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.