Крива Паланка – неодминлива дестинација до крајот на месец август!

Забава за сите генерации и вкусови! Еве што нуди градот за претстојниот период!

Адреналинска авантура низ Осоговските Планини 20/21 август 2022. Не одолевајте и на забавата во викендот што претстои, Џип-рели “Калин Камен”;

299656159_186182003809215_823895841676967711_n
Најмладите секогаш во фокусот, развиваме здрава младина со спортско-рекреативната манифестација “Фудбал за сите”. Општина Крива Паланка и ТАКТ за младите од градот од 22-26 август, градски стадион, Крива Паланка;

299612859_186181937142555_6078703407288778564_n
Ја негуваме традицијата, го промовираме фолклорното богатство со тридневен Меѓународен фолклорен фестивал “св.Јоаким Осоговски” на кој сме домаќини на ансамбли и фолклорни друштва од: Турција, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и РС Македонија во деновите од 24,25 и 26 август и
Претпразничен ритам – навестување на големиот фестивал “Џој фест 2022” 27 и 28 август, сабота и недела, викенд во кој сите патишта ве носат во Крива Паланка за настапите на:
✅️Каролина Гочева;
✅️ Бени и “Нон Стоп”;
✅️”Црвена јабука бенд”;
✅️”Brass Brothers”;
✅️DJ Goce Saf и
✅️Аца Лукас
Нека Крива Паланка биде вашата неодминлива дестинација во деновите од августовскиот летен одмор.
Бидете угостени од гостопримството на паланчани за кое надалеку и долго се раскажува.
Повелете на незаборавно доживување, дружење и забава во нашата убава Крива Паланка, велат од општина Крива Паланка.