Министерот за образование, Арбер Адеми, во емисијата “Топ тема” на Телма телевизија со објаснување какви резултати засега дава моделот на далечинско учење:

“Не велам дека сè беспрекорно функционира и тече или дека најнормално се обработуваат наставните содржини согласно наставната програма. Секако дека овој начин на организирање и реализирање на наставата има предизвици. Но, има оперативни органи, Државен просветен инспекторат како надлежна институција, која комуницира и врши инспекциски надзори секој ден во основните и средните училишта. Информациите од терен се доста охрабувачки бидејќи ние сме биле доста претпазливи кога сме ги донеле уредбите, а сме следеле и доста инклузивен пристап.

Овој начин на организирање на наставата не може целосно да го земени традиционалниот, односно конвенционалниот начин на организирање на наставата, но морам да истакнам дека ние бевме една од првите држави која брзо и навремено реагираше и се организираше” – истакна Адеми.