Запрашан зошто е донесена одлука учениците воопшто да не се враќаат во училишните клупи до крајот на учебната година со оглед на тоа дека одредени земји од регионот имаат донесено и други различни решенија, министерот за образование Арбер Адеми во вечерашното гостување во “Топ тема” на Телма телевизија, со следново толкување:

“Далечинското учење е единствената опција која можевме да ја преземеме со цел да ја реализираме наставата, а одлуката учениците да не се враќаат во училишните клупи до крајот на наставната година беше преземена имајќи ги предвид информациите од Министерството за здравство.

Ризикот од заразување со коронавирус е намален, но секако дека постои и не сакаме нашите деца да ги изложиме на каков било ризик. Кога зборуваме за социјална дистанца и во текот на месец мај и во периодот до 10 јуни, како можеме да им наложиме на учениците од прво одделение да одржуваат дистанца или да не се гушнат. Не сакаме училиштата и образовните институции да бидат жариште за ширење на Ковид-19” – објасни Адеми.

Во однос на прашањето зошто сепак е одлучено да има оценување на учениците, Адеми со одговор:

“Од оценувањето зависи дали учебната година ќе биде успешна. Во моментот кога е донесена одлуката за прекин на наставата ние веќе во основно и средно сме имале реализирани повеќе од 100 наставни денови, а во Законот за основно образование децидно пишува дека во случај на епидемија или вонредни околности може да дојде до прекин на наставата, но за да биде важечка годината мора да има повеќе од 100 наставни денови” – истакна Адеми.