Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за „360 Степени“ зборуваше за економските мерки кои ги предложи за справување со кризата со коронавирусот и зошто мора да се направи кратење.
„Сега е важно здравјето и еконоската стабилност на државата. Некаде проценките велат дека економската криза ќе има уште поголем импакт од здравствената криза. И во такви околности, подобро е да превенирате без да имате било какви калкулации, државнички да се поставите, да се растеретите од се за да можете на нозе да го издржите тоа. И превенцијата значи да одбегнеме респиратори да ставиме на економијата. Од респиратори поголемиот дел си одат дома, ама еден дел не си оди дома“, рече Заев.