Aмбасадорката на САД во Северна Македонија Анџела Агелер во интервју за ТВ21 изјави дека е возможно уставните измени да се изгласат пред формирање на новата Влада произлезена од парламентарни избори на 8 мај.
– Слушнав неколку различни опции за тоа како би било можно. Верувам! Верувам дека имало преседани, не зборувам за пред неколку децении, но имало преседани каде што биле одобрени амандмани за време на техничката влада. Една од работите што ги научив, служејќи овде, е дека сè е можно, изјави Агелер.
Следуваат избори, истакна амбасадорката Агелер во интевјуто, има проблеми, потребни се новинари кои ќе дискутираат искрено и отворено за да можат граѓаните да разберат какви проблеми постојат, кои се платформите на политичките партии и да донесат важни одлуки.
– Верувам дека иднината на државата ќе се одлучи на овие избори. Северна Македонија е во Европа. Треба да биде во ЕУ. Заслужува целосна евроатлантска интеграција. Потребни ѝ се поотворени пазари. ЕУ е светлата иднина на државава. И точка, истакна таа.
Амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер вели – „сите избори ги следиме будно, но следиме и дали има мешање од странство “.
– Искрено немам одреден став за претседателските избори. Мислам дека е логично што вториот круг од претседателските избори ќе биде заедно со парламентарните избори. Супер е. Будно ќе следиме сè. Постои интересна динамика помеѓу партиите меѓу албанските партии. Сите избори ги следиме будно, но следиме и дали има мешање од странство, вели Агелер.