Владата во мај 2018-та го донесе европскиот Закон за енергетика, пред еден месец, први во регионот донесовме Стратегија за енергетика, а денеска во парламентот беше изгласан Законот за енергетска ефикасност. Овие документи преставуваат клучни во остварувањето на целите на државата во полето на енергетиката. Законските решенија и Стратегијата носат намалени сметки за струја на граѓаните, ја поттикнуваат економијата и ја заштитуваат животната средина- ова е дел од дискусијата на Александар Дединец од МАНУ, како еден од говорниците на трибината на СДСМ- Агенда 20-24/ Енергетика, во Битола.
„Ќе се фокусирам на два сегмента од Законот за енергетика, кои драстично ја променија состојбата во енергетиката, со што станавме лидери во областа во регионот, а тоа се обновливите извори на енергија и правата на ранливите потрошувачи на струја. Направивме модел со кој инвеститорите во новите извори на енергија, самите ќе изградат капацитет за производство на струја, самите ќе продаваат струја, а субвенции ќе имаат од државата, а не од граѓаните преку сметките. Секако дека и парите во буџетот се на граѓаните, но преку сметка сите плаќаат идентично, а во буџетот секој различно придонесува, па оттаму правиме и социјална правда“- објасни Дединец.