„Денес во Македоинија се погази демократијата и сите ќе одговараат за ова. Беше киднапиран пратеник, беа земани мобилни телефони од пратениците и беа затворани во простории во собранието. Бараме брзи предвремени избори во најбрз можен рок“, рече Александар Николовски, од ВМРО – ДПМНЕ доцна вечерва пред Собранието.

На новнарско прашање дали ќе ја повлечат иницијативата за гласање (не)доверба на влада, Николовски рече дека не ја повлекуваат и дека сега сите ќе го напуштата собранието.

Николовски го критикуваше и претседателот Пендаровски кој не нашол за потребно да реагира во кава ситуација.

Останува неизвесно што ќе се случува до полноќ, кога истекува рокот за гласање, иако пратениците го напуштија собранието.