Обвинителката Фатиме Фетаи ја завршила истрагата против пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски за злоупотреба на службената положба и овластувањата уште пред три месеци, но поштарот не може да го најде да му даде известување. Без уредно примена покана, според нашите закони, обвинение против осомничен не може да се покрене, пишува порталот СДК.
На 16 октомври 2018 година Милошоски беше на распит во Обвинителството. Предистрагата против Антонијо Милошоски неговиот татко, поранешниот градоначалник на Македонски Брод и уште 11 лица, Фетаи ја отвори на 18 март.
Во случајот „Моќник“, Милошоски е осомничен дека овозможил по ниски цени да биде распродаден државен имот на негови блиски луѓе. Вкупно се осомничени 13 лица. При презентирање на случајот, обвинителката Фатиме Фетаи рече дека во заблуда бил донесен советот на општината да отуѓи и продаде задружен дом со што била нанесена штета од 50 илјади евра во 2011 година и притоа се направени кривичните дела Измама и Злоупотреба на службената положба и овластувања.
На 15 октомври 2018 година на распит во СЈО беше и Аџиев.
Паралелно со истражните дејствија против него, Милошоски водеше преговори во име на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за Јавно обвинителство, кој стапува на сила на 30 јуни оваа година. Со новиот Закон за ЈО, прислушуваните разговори престануваат да важат како доказ, од 30 јуни натаму.
Целиот текст на линкот тука.