Опасен медицински отпад е откриен во погоните на „Еко клуб“ сместени во просторот на Металски Завод во Скопје. Случајот е пријавен во скопското Јавно Обвинителство, а увид на терен извршиле полициски инспектори, крим-техника и инспектори за животна средина. Според нашите извори, околу 22 часот, една вечер во декември, иако дозволата за работа на „Еко клуб“, лиценцирана компанија за управување со отпад, е со работно време до 17 часот, од страна на еден градски инспектор и советник во една скопска општина, сликани биле
фотографии и направено е видео кои покажуваат што навистина се случува во погоните каде што се обработува медицинскиот отпад.
Извори од обвинителството за Нова ТВ пренесуваат дека, под изговор оти работат во трета смена, малкутемина работници го обработувале медицинскиот отпад на несоодветна машина, односно опрема која се користи за поинаков вид отпад, но не и за медицински. Ако се користи за медицински, како во случајот, тогаш отпадот не се обработува (уништува) целосно, туку му се прави примарно дробење, но со оглед дека таа опрема не постигнува висока температура потребна за усмртување на бактериите, особено од крвавите делови на отпадот, заразите, опасни по здравјето на луѓето, не се уништуваат целосно.
Изворите пренесуваат дека работниците, иако работеле надвор од пропишаното време и не го третирале отпадот како што налагаат правилата, немале никаква соодветна, лична заштитна опрема, што самото по себе значи дека прво тие се изложени на заразите што се шират од медицинскиот отпад, а потоа работниците се и потенцијална опасност за своите семејства и пошироката средина.
Целиот текст на ТВ Нова прочитајте го на следниов линк