Во битолската полиција вчера во 14.00 часот било пријавено дека патнички воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје, на потегот помеѓу стојалиште „Браилово“ и стојалиште „Слепче“, удрил во едно лице кое лежело на пругата.

Лицето починало на местото на несреќата, а по извршениот увид било констатирано дека станува збор за М.Д.(44) од Република Албанија.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.