Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николоски веќе трет ден молчи и не одговара дали некому донирал барем еден денар откако добива за 78% поголема плата, велат од изборниот штаб на кандидатот за претседател Стево Пендаровски

Николоски три дена не се охрабри ниту да одговори дали знае дали кој било пратеник на ВМРО- ДПМНЕ, градоначалник на ДПМНЕ или директор на јавно претпријатие од редовите на неговата партија имаат донирано дел од својата плата од моментот кога им е зголемена за 78%, колку и кому.

Дали молкот на Николоски значи дека тој ниту донирал, ниту планира да донира дел од својата плата? Дали со молкот Николоски ги штити и своите колеги пратеници и останатите сопартијци, кои месеци наназад земаат огромни плати и не сакаат да помогнат никому донирајќи дел од примањата?