Цели 14 дена сум по болници, со тешка бронхопневмонија, со инфузии, инхалации, инјекции, лекарства… И покрај тоа, јас решив да го испочитувам НАТО, да го испочитувам собранието, и болен, со температура право од болница да дојдам во Собрание.
Како да се однесува, каков да биде болен човек? Нормално дека ќе следам седници со подзатворени очи, кога немав енергија за ништо друго – за „Фокус” раскажува пратеникот и претседател на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам.
Вели дека и во минатото се објавувале негови фотографии од седниците, направени во моменти додека следел што се дискутира со затворени очи, и тоа намерно, со цел да биде дискредитиран.