„Секој проект што го ветив во 2017 година, буквално се што беше приоритет ние реализиравме. Затоа драги мои барам поддршка за наредните четири години да служам, а не да владеам. Ако успеавме да ги решиме најгорливите проблеми во изминатите четири години, сега кога сме поискусни и позрели можеме уште повеќе“ рече актуелниот и кандидат за градоначалник на Пробиштип од СДСМ и коалицијата, Драган Анастасов на трибината „Најдоборот за мојата општина“.

Тој додаде дека не смее да се дозволи враќање на оние на кои најважни им биле бизнис интересите.

„Од нивните бизнис интереси, градскиот плоштад во Пробиштип не беше осветлен шест години. Ја барам поддршката од секој еден од вас з апобеда во прв круг во Пробиштиш. Уште еднаш ви потврдувам дека дупла 12-ка е добитна комбинација“ рече Анастасов.

Тој додаде дека доколку се зборува за модерен и поразвиен Пробиштип, потребен е нов градски плоштад и најави дека тоа е ставено како приоритет во неговата програма за новиот четиригодишен мандат.

„Сите проблеми и прашања се ставени на хартија и имаме план и решенија за нив“ кажа Анастасов и додаде дека сите јавни површини во општината, јавните институции нема да користат вода за пиење за наводнување, со цел таа да се зачува и да завршат проблемите со водоснабдувањето.