Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“, во вечерашното гостување во „Само вистина“ на ТВ Канал 5 рече дека на партијата „Левица“ ќе и се случи истата судбина како и на неговата коалиција во 2016 година, кога заедно со Љупчо Георгиевски и Љубе Бошковски учествуваа на изборите.

„Коалицијата „Можеме“ ќе победи повеќе од сигурно. Длабоко сум уверен во тоа затоа што политиката е сурова и е голема прагма.

Идеализам во политиката не постои“, истакна Ангелов.