Стојанче Ангелов, претседател на “Достоинство”, во денешното “Отворено студио” на 24 телевизија со став дека ВМРО-ДПМНЕ се повикува на здравјето на граѓаните со цел да ги одложи изборите, а во суштина не им е гајле за здравјето на граѓаните.

“Изборите се како скок во ладна вода, ние тоа мора да го направиме како држава. Корона има сега, ќе има и во јуни, ќе има и во септември. Верувам дека барањето за одложување на изборите во септември е само тактички односно стратегиски потег на ВМРО-ДПМНЕ да си ја подобри состојбата кај гласачкото тело бидејќи верувам дека сега власта е во предност пред опозицијата после борбата со Ковид-19” – истакна Ангелов.

Во однос на обвинувањата од опозицијата дека преземените анти-корона мерки се поткуп на гласачкото тело, Ангелов со став:

“Во однос на наводниот поткуп на гласачи, би сакал да прашам дали тоа значи дека за да не биде протолкувано тоа како поткуп на гласачи, на луѓето коишто имаат проблем не треба да им се помага? Дали тоа значи дека сега каква било помош насочена кон ранливите категории на граѓани секој може да ја категоризира како поткуп на гласачи? Дали тие луѓе во оваа состојба треба да ги оставиме на милост и немилост ако имаме предвид дека има луѓе кои навистина не можат да се прехранат?” – запраша Ангелов.