В.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов денеска во просториите на ЦУК оствари средба со претставници на Домот за техничка култура „Народна техника- Штип“, на која се разговараше за човечкиот потенцијал и можности за обука на кадри во сферата на превенција, справување и управување со кризи.

Како што соопштија од ЦУК, претставниците на Народна техника презентирале податоци и можности за квантитетот и квалитетот на капацитетите, техниката – авионите и едрилиците и човечкиот потенцијал. Посочиле дека обичниот кадар што произлегол од „Народна техника- Штип“ е на рамниште на професионалците во светот. Истакнале дека десет професионални пилоти произлезени од кај нив и дека некои пилотираат во авиокомпании во светот.

Од „Народна техника- Штип“ потсетија дека порано имало специјализирана Радио мрежа за опасности, што како искуство може да се имплементира, согласно современата техника и можности, во системот за управување со кризи. Во контекст на соработка во сферата на управувањето со кризи, посочија дека здружението поседува спортски аеродром, хангари, два авиона и нова едрилица.