Додадена вредност, нови пазари и можности и модернизација за текстилната и чевларската индустрија, истакна министерката за финансии, Нина Ангеловска.

„Македонските текстилни компании во оваа корона-криза покажаа адаптибилност и ги искористија можностите да го зголемат производтвото и извозот на заштитна опрема и маски.

Како дел од третот сет мерки предвидено е изградба на дигитална платформа преку која домашните тексилни компании ќе може да ги пласираат своите производи на странските пазари до крајните купувачи.

Денес разговаравме за иницијативта со претставниците на техстилната и чевларската индустрија, Startup Macedonia, MASIT ICT Chamber of Commerce, Асоцијација за е-трговија на Македонија, USAID North Macedonia

Верувам дека единствено со мултисекторски пристап можеме да го отклучиме потенцијалот 🚀
претприемничко размислување, технологии & нашите домашни квалитетни текстилни и чевларски производи ❤️

Министерство за финансии заедно со Царинска управа ќе работат да ги олеснат сите административни пречки и да го олеснат патот за сите компании“, посочи Ангеловска.