Стравот од корона ќе влијае на излезноста, но исто така и револтот кој е голем, очекувам излезеност од 50-60 %, вели Димитар Апасиев од партијата „Левица“ во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5.

„Мислам дека ќе се повтори истото сценарио од 2006 кога две македонски партии ќе можат да направат Влада без уцени од албанските партии.

На прашањето за кои партии мисли, Апасиев одговори дека едната се тие, а за другата допрва ќе се знае“, истакна Апасиев.