По официјализирањето на коалицијата помеѓу Алијансата за Албанците на Зијадин Села и Левица на Димитар Апасиев, македонската јавност остана во бунило за тоа како ќе функционираат заедно овие две радикални партии со ставови и програми сосема спротивни едни на други.

Апасиев со сите негови настапи промовира анти-албанско расположение, борејќи се против Законот за употреба на јазици, односно укинување на двојазичноста во државава. Тој исто така бара повлекување на признавањето на Косово, како и укинување на сите албански партии во Северна Македонија.

Неговиот коалициски партнер, Села, пак, е на ставот дека не ги признава макеонското знаме, химна, како ни македонскиот идентитет. Во 2017 Села заговараше и бркање на Македонците од работа, за на нивно место да се вработат Албанци.

Села и Апасиев седнаа на маса, заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој исто така сметаше дека Села македонскиот нардот го множи со нула и не го признава македонскиот идентитет. Очигледно принципите и кажаното од тројцата паѓа во вода поради нивната желба за власт и моќ.

Со цел да дојдат на власт, Мицкоски, Апасиев и Села се подготвени да погазат се што кажале и што рекле дека се залагаат.