Вчера во 14.45 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 52-годишниот К.М.Ц. од Република Турција затоа што при пасошка контрола било констатирано дека приложил фалсификувана зелена карта за товарно возило „рено“ со турски национални ознаки, кое го управувал.
Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.