На 14.01.2024 во 18.40 часот на Граничниот премин Деве Баир, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификувани полиси за осигурување, од слобода бил лишен A.Д.И.(41) од Република Бугарија, кој управувал товарно моторно возило „ивеко“ со полуприколка со турски национални ознаки. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.