На 25.12.2023 во 15.50 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишиле од слобода Ј.A.(58) од РепубликаТурција затоа што при гранична контрола на увид приложил фалсификувана зелена карта за осигурување за товарно моторно возило „форд“ со полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал.
Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.
Сподели
Facebook