Вчера (24.07.2024) околу 03.50 часот на магистрален пат Крива Паланка – Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле автобус сопственост на компанија за превоз на патници од Косово. При извршениот преглед на возилото и патниците, пронајдени се повеќе кутии со лекови со вкупно 5942 таблети, 100 пакувања со кафе, 36 чанти со натпис од заштитени брендови, 104 машки парфеми и други предмети за кои немало соодветна документација. Г.Ќ.(28) и Џ.М.(27), двајцата од Косово, се лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 278 Б и член 353 од Кривичниот законик, а увид извршила Единицата за економски криминал при СВР Куманово и по консултација со јавен обвинител автобусот со пронајдените предмети е одземен за понатамошна постапка.